Turgut Alp Boyraz
23 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
Ерусалим (АА) – Поради сомнеж дека имале намера да изведат „напад со ладно оружје“, израелската полиција во западен Ерусалим уби 16-годишна Палестинка, а две години помлада Палестинка е тешко ранета, јавува Anadolu Agency (AA).
„Израелската полиција пукаше во девојки од шеснаесет и четиринаесетгодишна возраст. Шеснаесетгодишната девојка загина на местото на настанот, додека две години помладата девојка е хоспитализирана и се наоѓа во тешка состојба“, изјави гласноговорникот на израелската полиција, Луба Самири.
Тој додаде дека притоа полесно е повреден и чувар кој случајно се ранил при обидот да пука во Палестинките.