Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
РАМАЛА (AA) - Најмалку 6 лица беа повредени и 37 погодени од солзавец при интервенцијата на израелските војници за време ан демонстрациите каде се протестираше во различните региони на Западниот Брег по одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency.
Се случија инциденти меѓу Палестинците и израелските војници во различни делови на Западниот Брег како Бејтулахим, Ел Халил, Набулус и Рамала.Израелските војници интервенираа со пластични куршуми и солзавец.
Во објавеното соопштение од здружението Црвенат полумесечина на Палестина, беше наведено дека во судирте на Западниот брег 6 лица се повредени со пластични куршуми, а 37 лица беа погодени од солзавец.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6. декември официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, на различни подрачја на Западен брег и во Газа се одржуваат протести.