Dzihat Aliju
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - По поплавите што се случија во Скопје, вои коишто загинаа 22 лица и беше предизвикана голема материјална штета, турската Црвена полумесечина во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и „Координативниот совет на невладини организации за поплавите“ изврши дистрибуција на средства за чистење за погодените од поплавите, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на турската Црвена полумесечина, Исмаил Хаки Турунч, одговарајќи на прашањата на новинарите, рече дека како резултат на поројните дождови многу домови се поплавени и додаде дека во населените места во голема мера се присутни остатоци од поплавата.
Истакнувајќи дека во домовите и работните места навлегла кал и други остатоци, Турунч нагласи дека „Овие домови и работни места треба да бидат исчистени. Во оваа насока, жителите успеале да обезбедат одредени средства за чистење, преку граѓанските организации во земјата или со помош на државата, сепак, и ние во својство на Црвената полумесечина, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија дистрибуиравме одредена количина производи до овдешните жители.“
Турунч изјави дека дистрибуирани се лопати, казми, колички, ракавици, кофи и средства за хигиена.
„Во моментов, ова се нештата што се потребни тука. Во тесни простори, со цел да се изврши чистењето, може да се работи само со овие алатки. Инаку, големите работни машини го вршат собирањето на остатоците од улиците и (материјалот) од просториите кои беа исфрлени надвор и ги транспорираат надвор од градот. Дефинитивно, внатре во домовите треба да се влезе само со средства за хигиена“, рече Турунч.
Се дознава дека во првата фаза ќе бидат дистрибуирани 700 средства за чистење.
Од друга страна, пак, претставникот на Црвениот крст, Али Самет, заблагодаруваќи ѝ се на Црвената Полумесечина, рече: „Му благодарам на турскиот народ и турската држава што не ја штедат помошта секогаш кога нашата земја се соочува со катастрофи“.