Dzihat Aliju
21 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Премиерата на првата епизода од новата серија на ТРТ 1 „Балканска приспивна песна“ се одржа во Скопје, главниот град на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На премиерата, која се одржа во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија, присуствуваа министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, амбасадорот на Туркије (Турција) во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Управниот одбор на ТРТ, Ахмет Албајрак, генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, актерите од серијата, политичари, парламентарци, претставници на турските институции и организации во земјата и голем број гости.
Генералниот директор на ТРТ, Собаџи, во изјавата за медиумите пред почетокот на премиерата потсетувајќи дека првата епизода од серијата ќе ја гледаат истовремено со гледачите на ТРТ 1, рече дека со задоволство првата епизода ќе ја гледа заедно со актерите, гостите и сонародниците во Скопје, каде што се одвива и приказната.
Наведувајќи дека додадена е уште една ТВ серија на сериите на ТРТ снимени во странство, Собаџи додаде:
„Како семејство на ТРТ, многу силно се фокусираме на Балканот, кој го нарекуваме наше срце. Со јавноста ги споделуваме нашите важни проекти и конкретни дела во однос на новинарството и продукцијата, кои се нашите основни полиња на активност. Вчера ја претставивме и лансиравме нашата дигитална платформа за вести ТРТ Балкан. Затоа, како ТРТ, за два дена, споделиме и реализираме два важни проекти со вас овде. Ова е знак на важноста што ја придаваме на овие простори како ТРТ.“
Наведувајќи дека и граѓаните на пријателските и братските земји, како и сограѓаните на овие простори имаат голем интерес за сериите, продукциите и преносите на ТРТ, Собаџи нагласи дека тие продолжуваат со своето постоење на овие простори и се појавуваат пред публиката со „Балканска приспивна песна“, проект 'за кој искрено веруваме дека ќе ги освои срцата на гледачите“.
Собаџи посочи дека како ТРТ во последниот период придаваат големо значење на различноста на нивните продукции: „Покрај успешните историски драми, од сериите кои се емитуваат на екраните во последно време може да се види и разбере дека даваме важност на различни теми. Всушност, серијата „Балканска приспивна песна“ е одраз на оваа нова перспектива. Веруваме дека преку нашата ТВ серија ќе покажеме многу поучни нешта за луѓето, и за односите меѓу луѓето. Во овој контекст, верувам дека нашата серија ќе биде проследена со големо воодушевување и кај нас во Туркије, и на Балканот, и на меѓународната сцена. Се надевам дека ќе има висок рејтинг, и висока гледаност.“
Во главната улога на серијата, покрај Ердал Озјагџилар играат и Озлем Туркад, Емре бег и Мерих Озтурк.
Режисери на оваа серија се Доган Умит Караџа и Волкан Капкин, додека сценаристи се Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамит Ишик и Есма Коч.