Turgut Alp Boyraz
24 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
ЕРУСАЛИМ ( АА ) - Израелските војници на Западниот брег убија двајца Палестинци. Палестинците се убиени под изговорот дека со нож нападнале израелски војник, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинското Министерство за здравство изјави дека двајцата убиени Палестинци се идентификувани. Тензиите во Еуросалем се зголемени уште од почетокот на август минатата година, кога еврејските доселеници запалија палестинска куќа во Наблус.
Тогаш загинаа родители и нивното 18 месечно бебе додека неговото четиригодишно братче успеало да се спаси. По овој случај ова подрачје станува бојно поле на сите остри конфликти кои многу често завршуваат со смрт или ранување на одреден број на луѓе.