Ekipa
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
БЕЈРУТ (АА) – Мухамед Килис, псоледниот лекар во Забадани, беше убиен со снајпер додека одел кон дома од болницата во која работел, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека чекорел низ полето до куќата на неговиот син која се наоѓа во близина погоден е со снајпер во главата. Забадани остана без лекар кој беше последна надеж за поголем број од граѓаните.
Убивањето на 70 годишниот лекар минатиот месец, беше уште едно предупредување на тежина на континуирана блокада и окупација на Сирија, и покрај напорите на меѓународната заедница да се постигне договорот во Женева.Во последнава година дена, десет луѓе во окупираните подрачја во Сирија починаа од глад и болест. Според податоците на Обединетите нации (ОН), околу половина милион Сиријци се наоѓаат на окупираните подрачја, а конвоите со хуманитарна помош успееа оваа година да дојдат само до 30 отсто од жителите.
“Бедата на овие подрачја е срам за сите нас”, рече Стивен О’ Брајан, генералниот подсекретар на ОН за хуманитарни прашања. Поголем дел од подрачјето на Сирија е окупиран од страна на владините сили, а другиот дел се припадници на терористичката организација ДАЕШ. Забадани се наоѓа 20 километри северно до Дамаска и е прв град кој падна во рацете на бунтовниците во февруари 2012 година.
Последно важно е упориштето на бунтовниците во покраината Каламун на границата со Либан. Забадани имаше повеќе од 65.000 жители, а некогаш претставуваше популарно одмаралиште. Др.Коус бил познат како дарежлив и вешт хирурх во Забадани кој знаел да рецитира поезија во центарот на градот. Живеел угоден живот, додека не станал како и неговите сограѓани, дел од граѓанската војна која веќе 5 години ја тресе оваа земја.
“Имаше смисол за стих. Го сакаше Забадани. Пееше за него”, рече Амер Бурхан, еден од медицинарите во импровизираната болница.
Откако безбедносните сили ги “скршија” антивладините протести во 2011 година, кое беа вовед во крвавите судири во Сирија, Коус почна да ги лечи ранетите демонстранти во неговата клиника во близина на градот Бакин. Владините сили бараа медицински персонал кој ќе ги лечи демонстрантите, но тој не сакаше да привлекува внимание. Слободната сириска војска во 2012 година ги протера владините сили од Забадани. Откако и последниот хирург го напушти градот, Коус се пресели во Забадани да ги лекува ранетите и заболените.
Коус е убиен на 25 март од снајпер, на патот кон дома. Неговите пријатели и колеги сметаат дека најверојатно го убиле владините сили или Хезболах. Истакнаа дека не можеле да го заменат со милитантите бидејќи никогаш не носел оружје и секогаш бил облечен како цивил.