Zehra Ulucak
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ДАЛАС (АА) - Во Далас, во САД, поради убиствата на двајца црнци во различни држави на САД, се организираа протести. Во протестите бројот на загинати полицајци се зголеми на петмина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата која што ја даде полицијата на Далас, за време на протестот во паркот Бело Гарден, полинал тешко повредениот полицаец, со што бројот на загинати полицајци се зголемил на петмина.
Началникот на полицијата на Далас, Дејвид Браун, соопшти дека се приведени тројца осомничени, додека четвртиот осомничен е поттиснат на еден паркинг на кој има престрелка меѓу напаѓачот и полицијата.
Началникот Браун истакна дека четврто осомничениот кој пукал кон полицијата, рекол дека во градот поставил бомби со кои сака да убие поголем број на претставници на полицијата.
Претходно беше соопштено дека двајца снајперисти, чија цел биле десетмина полицајци, убиле четворица од нив.
Од друга страна, вооружено лице чија фотографија во маскирно била разделена од страна на полицијата, самото се предало.
Во близина на местото каде се наоѓаат осомичените, пронајден е сомнителен пакет. Во околината се преземени безбедносни мерки, каде специјалните екипи работат на онеспособување на сомнителниот пакет, за кој се претпоставува дека може да биде бомба.
Во Батон Руж, главниот град на државата Луизијана, во вторникот полицијата го уби 37-годишниот црнец Елтон Стерлинг. Еден подоцна, во градот Фалкон Хајтс во државата Минесота, беше убиен 32-годишниот Филандо Кастил, откако претходно полицијата го тргнала настрана од неговиот автомобил.
Вчера во многу градови беа организирани демонстрации во знак на протест против полициското насилство во САД.