Zülfiya Yakup
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Девет-годишното момче, Илбер Малај беше убиено синоќа во престрелката во еден бар во селото Стрелец, во близина на Дечани. Косовската полиција соопшти дека уапсила еден осомничен Албанец, кој од непознати причини пукал во насока на една продавница во која во тоа време се наоѓале повеќе лица јавува Anadolu Agency (АА).
"Во беше убиен малолетник, поточно деветгодишен Албанец, кој се здоби со потешки телесни повреди од кои покасно и починa", соопшти полицијата.
Косовските медиуми пренесуваат дека момчето јадело во локалот за брза храна за време на пукањето, на кое му претходела расправија помеѓу две лица. Полициски единици беа на местото на настанот каде пронајдоа и конфискуваа автоматски пушки АК-7, еден празен магацин и 15 гранати со калибар 7,62 мм.
Осомничениот беше уапсен по налог на обвинителот. Ова е втора трагедија во рок од една недела во истото село, откако пред неколку дена беше пронајдена убиената дваесетгодишна девојка која се сметаше за исчезната.