????? ????????
25 Октомври 2015•Ажурирај: 29 Октомври 2015
ПРИШТИНА (АА) – На самиот почеток на седницата на Собранието на Косово, опозицијата повторно фрли солзавец во салата, па претседателот на Собранието, Кадри Весели, даде пауза од саат време, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, седницата започна 45 минути покасно поради повторното фрлање на солзавец на опозицијата во салата, кој опозицијата околу 15:15 часот го фрли пред канцеларијата на претседателот на Собранието Кадри Весели.
Весели ја повика опозицијата на разговор во сала 301 каде ќе бидат присутни и медиумите.
Претседателството на Собранието за денеска во 16 часот закажа продолжение на пленарната седница, прекината уште минатата недела, откако опозицијата фрли солзавец во собраниската сала.
Тоа беше втор пат да се прекинува седницата поради употреба на солзавец.
Опозицијата веќе месец дена ја блокира работата на Собранието и да бара да се повлечат Договорите за Асоцијација на општините со српско мнозинство и за демаркација на границите со Црна Гора.