Mustafa Keleş
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во сојузната американска држава Канзас, доцна синоќа маж усмрти тројца колеги а рани 14 лица. По нападот полицијата го усмрти напаѓачот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што истакна шерифот на округот, Харви Т. Волтон, напаѓачот влегол во фабриката за производство на опрема за одгледување растенија и почнал да пука. Во нападот убил тројца колеги а ранил 14 лица.
Одредени американски медиуми наведуваат дека десет лица се наоѓаат во животна опасност.
Волтон истакна дека полицијата морала да интервенира и да го усмрти напаѓачот.
„Да не беше запрен напаѓачот, можеше да има дополнителни човечки жртви”, рече Волтон.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот е 38-годишниот Кедрик Форд, работник во фабриката во кој се случил нападот. Постојат наводи дека Форд непосредно пред нападот бил отпуштен од работа.
Во вооружен напад во Чикаго, пак, минатата недела, напаѓач усмрти шест а рани две лица.