Mustafa Keleş
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку три лица смртно страдаа а девет се повредени во вооружениот напад кој се случи синоќа во близина на Клиниката ѕа планирање на семејство во градот Колорадо Спринг во Соеднинетите Американски држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Помеѓу трите смртно страдани лица се наоѓа и полицаец.
Како наведуваат полициските функционери, напаѓачот отворил оган и во таа прилика го убил полицаецот и двата цивили. Повредените лица се наоѓаат во болница на лекување и не се во критична здраствена состојба.
Напаѓачот вооружен влегол во клиниката "Planned Parenthood Rocky Mountain". Тој се предаде по пет часа, колку и траеше судирот со полицијата.
До клиниката порано доаѓале закани, но оуште не е познато која е причината на синоќешниот напад.
Локалната телевизија успеа сними како напаѓач со лисици на рацете влегува полициско возило. Полицијата уште не го откри идентитетот на напаѓачот.
Поради намалувањето на цените кои инаку се пркатикуваат на денот "Black Friday", во овие продавници се наоѓал голем број на луѓе.