Selçuk Acar
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Повеќе од 50 лица го загубија животот во невреме проследено со бура во САД које започна минатата седмица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во невремето загинаа десет лица во сојузната американска држава Мисисипи, девет во државите Тенес, Аркансас и Алабама.
Поради торнадото во државите Мисури и Илиноис загинаа 20, а во Тексас најмалку 11, во Оклахома пет и во Џорџија едно лице.
Само во Далас, во Тексас, уништени се 150 куќи, а повеќе од 700 куќи се оштетени и причинета е материјална штета. Торнадото уништи илјадници стамбени објекти а откако дрвјата паднаа врз нив, многу патишта се затворени.
Ваквото бурно невреме причини голема материјална штета на куќите, но предизвика и неколку стотици сообраќајни несреќи.
Во поголемиот број на државите е прогласена вонредна состојба, а поради поплавите и торнадата на стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
Поплавите зафатија 46 региони во сојузните држави Оклахома, Кансас, Тенес, Аркансас, Мисури и Илионис. Во Мисури загинаа најмалку 13 лица, а стотици се евакуирани. Гувернерот на Мисури Џеј Никсон рече дека ова се најголемите поплави кои ја зафатија таа сојузна држава во последните две децении.
Илјадници затвореници од затворите во Илионис евакуирани се на посигурни места бидејќи на таа казнена управа и се закануваат поплави.
Метереолозите, како причина за смртта на десетици лица не само во САД, туку и во Јужна Америка го сметаат невремето наречено Ел Нино.
Ел Нино, којшто претставува глобален атмосферско-океански феномен во тропскиот дел на Тихиот океан, создаден со глобалното затоплување, во догледно време би можел да стане најголемата метереолошка појава досега. Во просек се јавува на две до седум години, а водата долж екваторот во источниот Пацифик се загрева околу три степени Целзјусови што влијае на атмосферските циркулации.