?????
31 Декември 2015•Ажурирај: 02 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот судија го одобри налогот за апсење на десет лица осомничени за терористичките напади во Париз на 13 ноември оваа година, јавува Anadolu Agency (АА).
Лицето кое е приведено има белгиска националност родено 1993 година и е идентификувано како Aјуб Б. Тој беше уапсен во средата, по пребарување во Моленебек, новата населба во близина на Брисел, каде што тие живееле некои од напаѓачите во Париз. Тој е обвинет за убиство и активно учество во терористичка група.
Од Канцеларијата на Белгиското федерално обвинителство соопштија дека за време на претресот беа запленети десетина мобилни телефони и ќе бидат истражени.
Aјуб Б. е десетиот уапсен во Белгија, кој е поврзан со терористичките напади во главниот град на Франција, во кои загинаа 130 лица. Тој треба да се појави пред судија во рок од пет дена, а потоа ќе се знае дали ќе му биде одредена мерка притвор.