?????
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгиски инспектори тврдат дека засега се познати три објекти кои се користеле од страна на осомничените за планирање терористички напади во Париз, во ноември минатата година, јавува Anadolu Agency (АА).
Од Канцеларијата на белгискиот обвинител соопштија дека два апартамана и куќа, кои ги изнајмиле лица со лажни имиња и кои биле платени во готово, ги користеле лица кои се осомничени за планирање на напади на повеќе локации во Париз, во кои загинаа 130 лица.
Се тврди дека автомобилот БМВ, управуван од страна на еден од осомничените, застанал пред апартманите во предградието на Брисел како и пред куќата во Аувеалис. Белгиски инспекторите тврдат дека осомничениот станот го користел за правење самоубиствени појаси.
Во соопштението, исто така, се вели дека автомобилот марка "Сеат Леон", бил користен во нападите, а исто така бил гледан во близина на објектите во споменатите области.
Неодамна, белгиските обвинители соопштија дека во претресот на станот е пронајдено рачно изработен појас кој може да се користи за носење на експлозив и отпечатоци на еден од осомничените за нападите во Париз.