?????
17 ноември 2015•Ажурирај: 17 ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Ајфеловата кула вчеравечер повторно беше осветлена во боите на француското знаме, јавува Anadolu Agency (АА).
Ајфеловата кула, чии светла беа изгасени во спомен на жртвите од терористичките напади во Париз, повторно свети во црвена, бела и сина боја .
Симболот на Париз и Франција, стар 116 години, вчеравечер беше осветлен во боите на француското знаме.
Симболите на уште неколку други градови низ целиот свет деновиве беа осветлени во боите на француското знаме како знак на солидарност со Франција по нападот во Париз кога загинаа 129 луѓе.