?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
МОСКВА (АА) – Руската федерална безбедносна канцеларија (FSB) нуди парична награда од 50 милиони долари за информации кои би можеле да доведат до откривање на одговорните за рушење на рускиот авион при крај на октомври во Египет, во кој загинаа 224 лица, јавува Аnadolu Аgency.
Оној кој ќе достави информации кои ќе доведат до пронаоѓање на одговорните ќе му биде исплатено 50 милиони долари , се наведува во соопштението на (FSB).
Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколчев соопшти дека е подигнато нивото на безбедност во сите центри каде се собираат поголеми групи на луѓе.
Шефот на FSB Александар Бортников утрово изјави дека падот на рускиот патнички авион е предизвикан со експлозија на бомба подметната во леталото. Претседателот на Русија, Владимир Путин рече дека ова не е прв пат Русија да се соочува со ваков “варварски напад” и најави пронаоѓање и казнување на сторителите.
“Ќе ги пронајдеме и ќе ги казниме сторителите на овој напад. Каде и да се наоѓаат во светот, ќе ги пронајдеме и ќе ги казниме ", нагласи Путин.
Путин рече дека Русија во овој случај ќе постапи во склад со членот 51. од Повелбата на Обединетите Нации, член, според кој на секој му е загарантирано правото на употребна на вооружени сили поради самоодбрана.
Путин исто така, му нареди на Министерството за внатрешни работи, со цел пронаоѓање на сторителите на нападот да стапи во контакт и развие соработка со други земји. Рускиот патнички авион падна кон крајот на месец октомври додека леташе над Синај. Тогаш загинаа 224 патници и членови на посадата.