Hakan Ceyhan Aydoğan
08 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Најмалку три лица се повредени во експлозија на автобуска страница во центарот на Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
"Бомлба со рачна изработка експлодира на автобуската станица на градскиот превоз. Три лица се повредени" , соопшти руската полиција.
Две жени се превезени во болница со повреди од шраплнели, а на третата, која имаше поблаги повреди, укажана и е медицинска помош на лице место.
Портпаролот на московската полиција Андреј Галиакберов соопшти дека полициската истрага е во тек.
Како што пишуваат руските медиуми, рачно изработената експлозивна направа фрлена е на луѓе кои на станицата чекале автобус.
Голем број на полицајци и медицински персонал се наоѓаат во улицата Покровка, за да им помогнат на повредените.
Сеуште не е познато кој стои зад вчерашниот инцидент.