Elvir Hociç
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
МОСКВА (АА) - Најмалку 12 лица загинаа во пожар што избувна минатата ноќ во комплексот на една фабрика во источниот дел на Москва, јавува Anadolu Agency (АА).
Спасувачките тимови извлекоа 12 безживотни тела од зградата која синоќа ја зафати пожар а кој противпожарната единица успеа да го изгасне во акција која траеше повеќе од пет часа.
Пожарот уништи повеќе од 3.000 квадратни метри од зградата во источниот кварт на Москва, а повеќето од жртвите се пронајдени во зградата во која што покривот беше урнат.
Локалните медиуми објавија дека жртвите се мигранти кои работеле во фабриката и дека во тек е обемна истрага за причините на пожарот.