Fuat Kabakçı
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ТОКИО (AA) - Во пожар што избувна во трикатен старечки дом на островот Хокаидо, во северниот дел на Јапонија, животот го загубиле 11, а три лица биле повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста од јапонската телевизија „NHK“, во пожарот што избувна во старечкиот дом во градот Сапоро, на островот Хокаидо, загинале 11 лица, од кои 8 мажи и 2 жени.
Се истакнува дека на местото на настанот се пристигнати голем број амбулантни и противпожарни возила, додека повредените биле пренесени во болница.
Според соопштеното, пожарот во овој старечки дом во кој се наоѓале 16 лица, избувнал во ноќните часови, а властите започнале истрага за случајот.