Ayhan Şimşek
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
БЕРЛИН (АА) - Џамија во германскиот западен град Aхен денес беше мета на вандализам од страна на поддржувачите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Вандалите се обиделе да ја тргнат плочата со име на џамијата во Ахен, скршиле неколку прозици и ставиле налепници со анти-турски слогани. Од започнување на воената операција на Турција против терористичките цели во северозападна Сирија, до сега најмалку седум џамии во неколку германски градови беа нападнати од страна на подджувачите на ПЈД/ПКК.
Здружението „Исламска заедница Национален поглед" (IGMG) го осуди нападот на џамијата во Ахен. Директорот на локалното претставништвона IGMG, Селахатин Демирџи, за АА изјави дека тие биле загрижени во врска со растечкиот број на напади на џамиите.
„Ги повикуваме безбедносните агенции да преземат мерки за да се обезбедат муслиманите“, рече тој. Германија беше сведок на голем број на радикални протести и насилство од страна на поддржувачите на ПЈД/ПКК, откако терористичката група лансираше двонеделна кампања во знак на протест на операцијата „Маслинова гранка“.
Терористичката организација ПКК е забранета во Германија од 1993 година, но сеуште е активна, со речиси 14.000 следбеници меѓу курдската имигрантска популација во земјата.
Турција долго време го критикуваше својот НАТО парнер Германија, поради тоа што не презема мерки против ПКК, која земјата ја користи како платформа за нејзино финансирање, регрутација и пропаганда.
Германија има турска заедница од 3 милиони жители, од кои многумина се втора и трета генерација на германски државјани со потекло од Турција.