Elena Teslova
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
МОСКВА (АА) - Русија денес ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека ги вооружуваат Курдите низ Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на прес-конференција во Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Провоцирајќи ја Турција, Американците продолжуваат да им испраќаат на Курдите нови и нови конвои со оружје низ територијата во Ирак“.
Захарова додаде: „Турција како резултат на тоа продолжува да спроведува воени операции во Африн во рамките на операцијата „Маслинова гранка“.
Таа изјави дека САД окупирале зона во должина од 55 километри во јужниот дел на Сирија, во близина на селото Ал Танф.
„САД продолжува со воената окупација на зоната од 55 километри околу Ал Танф, која сега всушност е безбедносна зона за остатоците од ДЕАШ“, вели таа.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.