Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Измама од 1,8 милијарди долари се случила во банка во Мумбаи, Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестите на Би-би-си е јавено дека украдените 1,8 милијарди долари се еднакви на скоро една третина од пазарната вредност на Панџабската национална банка (ПНБ), која е втора по големина државна банка во Индија.
ПНБ објасни дека трансакциите во филијалата во Мумбаи биле направени во корист на група клиенти.
Од индискиот извршен директорат беше изјавено дека ќе се истражува дали инцидентот бил поврзан со перење пари што доведело до пад на акциите на банката за повеќе од 10 отсто.