Suhayb Abdullah Hocalar
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во вооружениот напад врз воздушна база во градот Патханкот во провинциата на Пенџаб, загинаа 7 луѓе. Меѓу нив се и тројца војници, јавува Anadolu Agency (AA).
До судирите дојде кога вооружена група влегла во воздушна база во близина на границата со Пакистан, во кои загинаа 3 војници и 4 напаѓачи.
Hапаѓачите биле униформирани и нивниот број се уште не е познат. По нападот, зголемени се мерките на безбедност во регионот.
Министерот за внатрешни работи на земјата, Рајнатх Синг рече дека се обидуваат да ги задржат добри односи со Пакистан.
"Се обидуваме да ги задржиме добрите односи со Пакистан, но ќе дадеме соодветен одговор на терористичките напади", изјави министерот Синг по посетата на премиерот на Индија Наренда Моди во Пакистан.