Halit Süleyman
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Во нападот на руски авиони извршени врз џамија во Алепо, загинаа пет лица, а десет се повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што соопштија членовите на цивилната заштита во Алепо, нападот се случил за време на петочната молитва.
Бомбардирани се и населбите Стар Халеп, Бустанул Каср, Карм Тураб и Баб Кансир кој е под контрола на опозицијата. Руски авиони денеска бомбардираа болница во Азаз која му припаѓа на Алепо. Во таа прилика загинаа шест лица, а десет се повредени.
На крајот на септември оваа година, руски авиони започнаа со бомбардирањето на повеќе сириски градови. Иако Русија тврди дека цел на нивните напади се позициите на терористичката организација ДАЕШ, често, жртви на овие напади се сириските цивили. Исто така, во текот на овие напади често се уништувани воените штабови и центрите за обука на сириската опозиција кои се наоѓаат во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо.