Hülya A. Gündüzalp,Meryem Kasım
26 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
ТАИЗ (АА) - Во судирите помеѓу силите на Народниот отпор лојални на претседателот Абд Рабу Менсур Хади (ХДГ) и припадниците на движењето Хуси во Таиз, во Јемен, загинаа најмалку 20, а 25 лица се повредени јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено на социјалните мрежи на ХДГ на неколку локации во Таиз дојде до судир. Во таа прилика загинаа 16 Хуси и четири припадници на ХДГ.
Од крај на март во Јемен се водат судири помеѓу шиитските бунтовници и силите лојални на претседателот Абд Рабу Менсур Хади.