Felix Nkambeh Tih
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ЛУБЕРО (АА) - Најмалку 29 лица загинаа во Демократска Република Конго, во судирите меѓу бунтовниците од редовите на единиците на Демократската ослободителна единица Руанда (ФДЛР) и локалната вооружена група Маи Маи, јавува Anadolu Agency (AA).
Насилството ескалираше во источниот дел на земјата, а како што е потврдено за АА, ФДЛР го нападнаа кампот, кој претходно беше окупирана од страна на групата Маи Маи во градот Mукеверва.
Билансот од конфликтот е 25 загинати од страната на ФДЛР и четворица загинати од редовите на Маи Maи.
Инаку, Маи Маи во источниот дел на земјата е формирана од страна на лидерите со цел да се отцепи од провинцијата Катанга.
Според Комисијата за правда и мир, од ноември минатата година до денес во источниот дел на Конго, загинале 127 луѓе, а 200 се водат како исчезнати. Покрај тоа, силувани се 20 жени, а 3.300 куќи се изгорени.
Во долгогодишните конфликти во оваа поранешна белгиска колонија животот го загубија неколку стотини илјади луѓе.