Yusuf Hatip
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан најави дека ќе формира нова специјална единица за безбедност, која ќе брои 10.000 војници, а која ќе биде одговорна за имплементација на безбедноста на проектот на Кинeско-пакистанскиот економски коридор (СРЕС), јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален Пакистан изјави дека ќе прифатат нови 10.000 припадници на силите за безбедност, обучени во пакистанската армија, кои потоа ќе бидат одговорни за безбедноста на 14.000 кинески инженери и техничари кои работат на изградбата на Коридорот СЕРС во вкупна вредност од 46 милијарди долари.
Кина и Пакистан во април минатата година постигнаа договор за СРЕС проектот кој е долг 3.000 километри и ги поврзува западната кинеска провинција Ксинџијанг и пристаништето Гвадар во пакистанската провинција Белуџистан.
Изградбата на автопатот и железничката мрежа како и други инфраструктурни проекти предвидува инвестиција од 46 милијарди долари.