Mahmut Atanur
27 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Владата во Пекинг официјално го одобри законот со кој им се дозволува на семејствата да имаат второ дете, јавува Anadolu Agency (AA).
Политиката "едно дете за едно семејство" во земјата ќе заврши со завршувањето на годината. Според новинската агенција "Џинхуа", законот кој предвидува дека семејствата можат да имаат второ дете, официјално е усвоен и ќе стапи на сила на 1-ви јануари.
Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, кој се состана во октомври оваа година за утвдување на социјалните и економски реформи во земјата, во текот на периодот 2016-2020 година, најави дека едно-детната политика е завршена.
Комисијата за планирање на семејството, во својата изјава дадена претходно, истакна дека со укинувањето на политиката на едно дете се очекува бројот на населението во земјата, во 2030 година да порасне до 1,45 милијарди, со околу 20 милиони раѓања секоја година.
Планирање на семејството и политиката на едно дете во Кина, е донесена во 1980 година со цел контрола на брзиот раст на населението, а семејствата кои живеат во градовите беа ограничени на едно дете.
Но, за семејствата кои живеат во руралните средини, доколку првото дете е женско, им беше дозволено да имаат второ дете.