Mahmut Atanur
20 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во експлозија која се случи во фабрика за пиротехнички средства на подрачјето на Џијангси, во источниот дел на Кина, смртно настрада едно лице, а 48 се повредени, додека три лица се водат како исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинската агенција „Џинхуа”, повредените лица се сместени во болница.
По правата експлозија се случиле уште неколку, а од тоа подрачје евакуирани се над 1.000 лица. Во тек е истрагата за овој случај.