Fuat Kabakcı
17 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
ПЕКИНГ
Во североисточниот дел на Кина, поради проток на вода дојде до поплавување на еден рудник за железо, во кој заробени се наоѓаат 9 рудари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави веникот „Глобал тајмс“ („Global Times“), дошло до протек на вода во рудник за железо во местото Шунки, сместено во кинеската покраина Хејлунгџианг, во североисточниот дел од земјата.
За време на несреќата, во рудникот се наоѓале 43 рудари. Со брза интервенција, извлечени се 34 лица, а 9-мина останале заглавени во рудникот.
Спасувачките екипи работат на извлекување на преостанатите рудари заглавени во потопениот рудник.