Ekipa
17 Мај 2019•Ажурирај: 18 Мај 2019
КАБУЛ (АА) - Авганистански официјален претставник изјави дека во воздушен напад по грешка се убиени 17 авганистански полицајци, кои на периферијата на Лашкаргах, главниот град на провинцијата Хелманд, се бореле против Талибанците, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на провинцискиот Совет на Хелманд, Атаулах Авган, изјави дека воздушниот напад се случил вчера, додека припадниците на авганистанската полиција се бореле против Талибанците, додавајќи дека во нападот загинале 17 полицајци, а 14 се повредени.
Засега не е потврдено кој го извршил воздушниот напад, авганистанските или американските воздухопловни сили.
Мухамед Јасин, гувернерот на провинцијата Хелманд, истакна дека во тек е истрага за тоа кој го извршил воздушниот напад и како дошло до грешка. Талибанците објавија дека нападот го извршиле американските сили.