Mohammad Fahim Abed
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а едно е повредено при пад на хеликоптер на воздушните сили на Авганистан во градот Логар, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на таа земја наведува дека хеликоптерот од типот MI-17, падна на подрачјето Сенг во близина на авганистанскиот град Логар. Всушност, паднал во тек на обука, а како што наведува министерството, причината за падот е од техничка природа.
Се истакнува дека загинале три, а повредено е едно лице.