САРАЕВО (АА) - Бакир Тиро
Петар Шегрт (49), хрватски фудбалски експерт, кој кариерата ја градеше воглавно во Германија, од почетокот на ноември од кога е селектор на Авганистан стана спортски херој во земја во која се војува, таканаречена земја на "средниот исток" .
Поранешниот шеф на стручниот штаб на босанскохерцеговскиот премиерлигаш Звијезда од Градачац, како и селектор на "У-21" и "А" репрезентацијата на Грузија, во недела со авганистанскиот национален тим стана вицепрвак на Јужна Азија. Со игра и резултат беа воодушевени бројни навивачи на Авганистан, кои преку социјалните мрежи испратија стотици пораки на поддршка и благодарност. Во неделното финале на САФФ Сузуки купот 2015 (шампионат на Јужна Азија), Авганистан поразен е на гостување во Индија, со резултат 1:2, во супер интересен натпревар по продолжетоци.
"По доаѓањето во Авганистан по освојување на титулата на вицепрвак и покрај поразот од Индија, луѓето во Кабул не причекаа на неверојатен начин. Нависитна, не ни можевме ни во сон да замислиме дека ќе имаме таков прием и славење. Тоа беше нешто навистина невероватно" , рече во ексклузивен разговор за Anadolu Agency (AA) Шегрт.
- На аеродромот беа мета на бомаши самоубијци -
Меѓутоа по враќањето од Индија на аеродромот во Кабул, фудбалската репрезентација на Авганистан во понеделник наутро, како што соопштија безбедносните сили на оваа земја беа мета на терористите кои со автомобил наполнет со експлозив удри во sид. Освен терористите самоубијци никој веќе не загина.
"Страшно! Тоа беше среќа, бевме блиску и трагедијата ја избегнавме за влакно", истакна Шегрт.
На терористите и на фанатиците во Авганистан фудбалот им е трн во око, бидејќи националниот тим на оваа држава ја водеше за подобри времиња во оваа година во воената зона.
"Откако сум селектор на Авганистан со Кабул, два пати сме нападнати, преживеавме два бомашки напади. Пред инцидентот во понеделник на аеродромот сме нападнати и на 11 декември минатата година кога бевме на "photoshooting" во близина на Амбасадата на Шпанија во Кабул. Ужасно! Навистина ми е жал за народот. Многу луѓе загинуваат во бесмислени напади и поради тоа имам среќа да им помогнам со фудбалот, да оствариме што подобри резултати. Луѓето во Авганистан го обожаваат фудбалот" , рече Шегрт, селектор на 153 репрезентација според ФИФА ранг-листата.
Симпатиите на Авганистанците посебно ги придоби бидејќи ја "прекрши клаузулата во договорот", според која, како селектор воопшто не мора да престојува во земјата. Сепак, Петар покажа сочуство со авганистанскиот народ бидејќи покрај тоа што е обврзан да работи со играчите само во камповите кои ги има репзезентацијата на Авганистан во Катар и Дубаи, тој и покрај критичната ситуација тој престојува во Кабул. Во авганистанската престолнина Шегрт е вистинска sвезда. Просто, повеќето патриотски настроени жители на Авганистан, оние кои се борат против терористите и талибаните го доживуваат како вистински спортски великан.
"Константно гостувам во медиумите. Луѓето ме препознаваат на улица, сакааат да се сликаат со мене. Како и што кажав, луѓето многу го сакаат фудбалот во Авганистан. И покрај тешката ситуација, интересот на медиумите, навивачите е навистина голем. Поранешните селектори грешеа што ја водеа репрезентацијата од Европа. Тоа е невозможно. Откако сум селектор репрезентацијата се собира во Кабул и понатаму одиме да ги играме натпреварите и да се подготвуваме. Реков, ако во Авганистан можат да живеат Авганистанци, можам и јас. Тоа ги воодушеви навивачите" , раскажува Шегрт.
"Успеав да анимирам 18 играчи Авганистанци кои живеат и работат во Европа да играат за својата земја. Многу од нив не се ни родени во Авганистан, но успеав да ги замолам, а потоа да ги донесам во тимот за да искажат почит кон својот народ. Тоа предизвика големо воодушевување на народот во Авганистан" .
- Во репрезентацијата донесе физиотерапевт од Градачац-
Помеѓу лицата кои живеат во Европа кои Шегрт ги собра во репрезентацијата на Авганистан има од оние кои не се Авганистанци. Меѓу нив се и поранешниот физиотерапевт на Звијезда од Градачац, Аднан Курбашиќ, како и кондициониот тренер, Црногорецот Владимир Круниќ, многу ценет стручњак кој и индивидуоално работи со многу репрезентативци на Црна Гора, меѓу кои се Стефан Јоветиќ и Стефан Савиќ.
Шегрт истакнува дека луѓето од Сојузот многу посветено ги обавуваат задачите и преку фудбалот сакаат да влијаат на подобра слика во општеството.
" Тие се огромни ентузијасти. Имаат добри услови, убави мали стадиони, добри сали во кои може да се тренира. Но поради нарушување на безбедносната ситуација приморани сме натпреварите да ги играме надвор од Авганистан. Најчесто, домашните натпревари ги играме во Иран. Да речеме, во Техеран бев воодушевен бидејќи неодамнешниот натпревар на Авганистан го голедаа дури 80.000 луѓе" рече Шегрт.
- Наредниот натпревар против Јапонија кој го предводи Халилхоџиќ-
Наредниот натпревар Балканците на Шегрт со репрезентацијата на Авганистан ќе го имаат на 24 март во Токио кога во квалификациите за Светското првенство "Русија 2018" ќе играат против Јапонија. Четири дена покасно квалификациите ќе ги заклучат со "домашен" натпревар во Техеран против Сингапур.
"Имам договор на пет години, со можност доколку добијам некоја понуда со обештетување да го напуштам клубот на Авганистан. За тоа не размислувам, фокусиран сум на репрезентацијата на земјата, чиј народ со добри резултати во фудбалот сакаме уште долго време да го радуваме" заклучи Шегрт.