Elvir Hociç
07 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Светската фудбалска организација ФИФА денес ја ажурираше Кока-Кола ранг-листата на фудбалските репрезентации на која немаше промени во првите десет места. Белгија и понатаму останува лидер, Хрватска е на 18 позиција, најдобра од земјите во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Белгија, Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португал, Колумбија, Англија и Австрија и понатаму се првите десет репрезентации на светот според ФИФА ранг-листата.
Од земјите во регионот Хрватска е на 18 место, следуваат Турција на 21, Босна и Херцеговина на 22 и Албанија на 38 позиција.
Заедно со Јамајка, Србија се најде на 55 место. Потоа следува Словенија на 61, а најлоши од регионот се Црна Гора, која е на 85 место и Македонија на 138 место.
Најголем скок на листатата забележа Тајланд од 133 на 121 место, додека најголем пад оствари Куба, од 91 на 136 позиција.
Аргентија, Брегот на Слоновата коска, Мексико, Иран и Нов Зеланд се најдобро пласираните репрезентации кога се во прашање континенталните фудбалски федерации.