Elvir Hociç
09 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Репрезентативецот на Босна и Херцеговина и фудбалерот на италијанскиот великан Рома, Миралем Пјаниќ, откри пет фактори кои највеќе влијаеле на него и поради кои израснал во човек и фудбалер каков што е, а прв на список му беше францускиот ас Зинедин Зидан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на вечерашниот одлучувачки натпревар за пласман во осмина финалето од Лигата на шампионите која рома ќе ја игра против БАТЕ Борисов, на службената интернет страница е објавен интервју со Пјаниќ, најдобриот стрелец на Рома оваа сезона.
Пјаниќ тврди дека Зинедин Зидан, негоиот татко, мајката, синот и навиначите имале најголемо влијание во текот на неговото растење и како човек и како фудбалер.
- "Зидан ме мотивираше како мал да посакам да бидам фудбалер. Ми се допаѓаше неговиот начин и стилот на играта на терен. Тој е најдобриот фудбалер кој сум го видел во животот", рече Пјаниќ и додаде дека го гледал Зидан и зе обидувал да ги копира неговите вештини на теренот.
Истакнувајќи дека наголемо влијание во неговата фудбалска кариера имаше неговиот татко, Пјаниќ рече дека фудбалот почнал да го игра поради него.
"Тој исто така беше фудбалер и добар играч, но не играше професионално бидејќи тогаш почнуваше војна во нашата земја. Кога имав пет или шест години одев со него на тренинг и го засакав фудбалот и спортот. Денеска тоа е мојот живот и го сакам" , рече Пјаниќ.
Пјаниќ понатаму наведува дека покрај татко му, најголемо влијание во формирање на неговата личност, имаше неговата мајка . Истакнува дека неговите родители имале големи проблеми во животот и дека живееле во во војна, без ништо дошле во Луксембург. Додаде дека родителите морале родителите морале многу да работат за да го израснат него, неговата сестра и братот, како и дека за тоа ќе им биде благодарен на се што му пружиле.
На четврто место на списокот на личности кои се највеќе заслужни за неговите приватни и професионални успеси е неговиот син. Тврди дека никој не може да го насмее и да го направи среќен како неговиот син и дека токму детето сменило многу работи во неговиот живот.
"На петото место нема да изберам личност, туку навивачите на Рома. Тие ме научија како е да се биде Романист. Тука сум веќе петта сезона и навистина се чувствувам како Романист. Исто така и играчите кои се долго време тука, те учат дека дресот на Рома не е обична маичка, туку нешто важно во Рим. Сега сум и јас навивач на Рома, и да, јас сум вистински Романист", заклучи Пјаниќ.