Agon Fehmiu
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) – Заедничка делегација од УЕФА и ФИФА, составена од четири високи претставници на двете институции кои имаат формирано ад хок комитет за да ја испита состојбата на косовскиот фудбал, престојува во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Со оглед на тоа што средбата беше затворена за медиуми, претставниците на ФИФА и УЕФА се изјаснија дека нема да дадат изјави за медиумите во Косово бидејќи нивна работа е да соберат докази, да извршат увид и потоа да направат извештај, а секретарот на ФФК, Ерол Салиху, накратко даде информации за целта на посетата.
„Оваа комисија дојде да ја процени нашата апликација, имено од прва рака да проверат и да видат колку е реална нашата апликација”, рече Салиху.
Во официјалната агенда на комисијата на УЕФА и ФИФА беа вклучени средби со премиерот на Косово, Иса Мустафа, и неговиот заменик, како и со минестерот за култура, млади и спорт, Кујтим Шала.
Високите претставници на УЕФА и ФИФА беа пречекани и од страна на претседателот на Косово, Хашим Тачи.