Bakir Tiro
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
МАРИБОР (AA) - Се извинувам поради својата некоректна реакција, рече во својата одбрана Златко Заховиќ, спортскиот дикректор на фудбалскиот клуб Марибор, на денешната вонредна прес-конференција на која се бранеше од тврдењата на Агим Ибраими и Нусмир Фајиќ дека ги навредувал на национална и верска основа, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Не дојдов да го правдам ниту фудбалскиот клуб Марибор или некој од играчите поедничечно. Дојдов да ја разјаснам ситуацијата. Се извинувам поради својата некоректна реакција. Во кариерата сменив многу соблекувални и немав такво искуство. Соблекувалната би морала да биде закон и од неа ниту збор не смее да излегува во јавноста", рече Заховиќ.
Заховиќ, според изјавите на Ибраими и Фајиќ, во последните неколку години ги навредувал муслиманите меѓу фудбалерите на Марибор. Целата приказна исплива на виделина во текот на викендот кога Заховиќ, помеѓу останатото, на Ибраими преку СМС порака му прача "ти се бидејќи си пијан од будалите и затоа има мртви", како и "твојата вера е смрт".
Спорните пораки македонскиот репрезентативец им ги проследи на медиумите, после што Заховиќ го избркал од карантин во кој се наоѓаше со соирачите од Марибор, а кои Anadolu Agency утрово ги објави.
Од фудбалскиот сојуз на Словенија истакнаа дека нема да покренат дисциплинска постапка против Златко Заховиќ, но дека "заедно со УЕФА" ќе настојуваат фудбалот како спорт да биде отворен за сите припадници на сите раси, вери и верувња и дека навинста нема место за навреди на ова ниво" .