Emre Gürkan Abay
21 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека повиците од Зеленски до САД за поригорозни санкции против Русија нема да ја подобрат ситуацијата во Украина, рече: „Гласините за поригорозни санкции нема да му помогнат на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, да ги реши проблемите во југоисточниот дел на земјата“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков, во главниот град Москва, за новинарите го оцени повикот на Зеленски САД да ги продолжат санкциите кон Русија.
Истакнувајќи дека од Украина сѐ уште не виделе некој иновативен пристап, Песков рече: „Гласините за поригорозни санкции нема да му помогнат на Зеленски да ги реши проблемите во југоисточниот дел на земјата.“
Песков, осврнувајќи се на подготовките за санкции од страна на администрацијата на САД кон проектот „Северен тек 2“, со кој се планира рускиот гас да се пренесе во Германија, нагласи: „Проектот „Северен тек 2“ е меѓународен проект во којшто учествуваат меѓународни големи компании и неговата изградба е при крај. Веруваме дека проектот ќе биде завршен.“
Песков, исто така, истакна дека во случај рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, да се сретнат на Самитот Г-20 кој ќе се одржи во Јапонија, можно е да разговараат и за прашања поврзани со енергетската безбедност во Европа.
Американскиот министер за енергетика, Рик Пери, во изјавата дадена вчера рече дека американската администрација наскоро ќе ги најави санкциите кон компаниите кои се вклучени во проектот „Северен тек 2“.
Се очекува дека вкупните трошоци за проектот „Северен тек 2“ ќе изнесуваат околу 10 милијарди евра, а со него е планирано 55 милијарди метри кубни руски гас годишно, преку Балтичкото Море да биде дистрибуиран во Германија.
САД, Украина, Полска и балтичките земји се против проектот, додека, партнери на проектот, покрај „Гаспром“ се компаниите „Шел”, „ОМВ“ „Engie“, „Uniper” и „Wintershall”.