Ekipa
21 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
РАМАЛА (АА) – Здравствената состојба на двајцата палестински затвореници кои штрајкуваат со глад 50 дена е влошена. Затворениците со глад протестираат за системот за административен притвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Здружението на палестински затвореници се истакнува дека здравствената состојба на Уде ел Хуруб и Хасан ел Ујуј, кој штрајкуваат со глад 50 дена, во знак на протест за системот за административен притвор е многу сериозна.
Здружението, исто така, истакнува дека израелските власти, за да ја скршат волјата на затворениците кои штрајкуваат со глад, врз нив врши тортура и ги одложува нивните барања за ставање крај на процесот на административен притвор.
Уде ел Хуруб (32) и Хасан ел Ујуј (35) од градот Хеброн, од месец јануари се наоѓаат во административен притвор во израелските затвори.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност по безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.