Bedrudin Brlyavac
06 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ЛОНДОН (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјави дека се чувствува „срамно” поради недостатокот на очекуваниот напредок во израелско-палестинските преговори во текот на неговиот мандат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се чувствувам виновен и се срамам поради недостатокот на напредок во тие преговори”, рече Бан на конференцијата за новинари.
Истакна дека Израелците и Палестинците треба да преземат поголеми напори за да постигнат конечен договор околу сите спорни прашања.
„Во суштина, на Израелците и Палестинците останува да им стават крај на судирите, бидејќи немаат друг избор туку да живеат заедно во слога”, рече Бан.
Нагласи дека и самиот прави големи напори во интерес на сите луѓе во тој регион.
На крај напомена дека сепак ништо не може да ги оправда терористичките напади во кои неретко страдаат цивили.
Последната и неуспешна рунда израелско-палестински преговори се одржа во Египет 2014 година.
На Бан Ки-мун, кој е на чело на ОН од 2007 година, му истекува мандатот на крајот од 2016 година.