Ekip
17 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
ГАЗА (АА) - Палестинската група за отпор Хамас ја повика денес меѓународната заедница да интервенира за да ги запре израелските кршења на правата на Палестинците, известува Агенција Анадолија (АА).
Повикот следуваше откако во неделниот извештај на Обединетите нации (ОН) се утврдени израелски кршења на правата на Палестинците, насилство на израелските доселеници и изградба на населби на палестинските територии.
„Во Појасот Газа, 2,1 милион Палестинци веќе 15 години се наоѓаат под копнена, поморска и воздушна блокада, што луѓето во Газа и меѓународните организации го опишуваат како ‘затвор на отворено’“, се наведува во извештајот на ОН.
Хамас го поздрави извештајот на ОН „кој ги документира злосторствата и кршењата против палестинската земја и народ, вклучувајќи и систематско мачење на затвореници, политика на дискриминација и апартхејд, уривање на домови и крадење на природните ресурси“.
Палестинското движење апелира до меѓународната заедница да ги смета израелските лидери за одговорни за злосторствата над Палестинците и да обезбеди да бидат казнети за своите недела.