Ali Semerci
02 јануари 2016•Ажурирај: 03 јануари 2016
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони извршија серија воздушни напади во различни места во Газа, јавува Anadolu Agency (АА).
Според очевидци Израелските воени авиони започна воздушни напади во областа на воената обука на бригадата Иззеддин ал-Касам во Бeјт Лахија во северна Газа, воената зона во регионот Ебраџ ал-Меккуси и точката за следење на воените активности на граница во источно од кампот за бегалци Ел-бурејџ.
Израелските воени авиони, исто така, таргетираа празно поле во градот јужно од Газа, Рефах. Објавено е дека после овие напади нема жртви или повредени, но таргетираните места и зградите во околина биле материјално штетени.
Понатаму, се тврди дека вчера од појасот Газа биле истрелани 5 ракети против Израел, додека две ракети погодиле јужниот дел на земјата. Во писмена изјава од израелската армија се тврди дека 5 ракети истрелани од појасот Газа во населбата Сдерот, две ракети погодиле на отворен простор. Во овој случај нема пријавени жртви.
Израелските медиуми, исто така, објавија дека три ракети паднаа во појасот Газа.