Selçuk Acar
06 јануари 2016•Ажурирај: 06 јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Властите на Калифорнија во тамошното собрание предадоа нацрт одлука за забрана на работата на Движењето "BDS", кое пропагира бојкот на Израел и неговите производи, која претходно е усвоена од страна на пет сојузни американски држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Нацртот го предложи членот на парламентот од редот на републиканците Травиц Ален.
Во текстот на нацртот се наведува дека иницијативите за бојкот на Израел се базираат на расна, национална, верска и полова дискриминација", и дека во Калифорнија "нема место за дискриминација".
Претходно, одлуката за забрана на работата на Движењето "BDS" ја усвоија властите на Флорида, Тенеси, Индијана, Илиноис и Јужна Каролина. Споменатите одлуки усвоени се во период од април минатата година, а про-израелското лоби пропагира такви одлуки да се усвојат во уште 17 сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк и Пенсилванија.
Движењето "BDS" е основано во 2005 година од страна на палестинскиот студент Зијад Лунат во Велика Британија. Името на движењето е составено од иницијалите на термините бојкот, изолација и санкции (Boycott, Divestment and Sanctions), а основната цел на Движењето е пропагирање на бојкот врз Израел и сите негови производи на глобално ниво, поради насилната политика на таа земја на Блискиот Исток
Активистите на движењето бараат на Палестина и Палестинците да им се обезбеди слобода, правда и рамноправност, а јакнење и масовност движењето во САД доживеа со почетокот на израелската окупација на Газа.