Ayşe Sümeyra Aydoğdu
31 јануари 2016•Ажурирај: 31 јануари 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Припадниците на израелските безбедносни сили на Западниот брег приведоа осум Палестинци, меѓу кои и новинарот Махмуд ел-Кавасми, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на израелската војска потврдено е дека припадници на силите за безбедност привеле осуммина Палестинци.
Приведените лица се предадени на надлежните органи со цел да бидат испитани. Очевидци тврдат дека меѓу приведените се наоѓаат и Салах ел-Мутесеб, Баха ел-Хамур, Мухидин Хамид и Мухамед ебу Латиф, кои претходно се наоѓале во израелски затвори, но накнадно се пуштени на слобода.
Припадниците на израелските сили, секојдневно, поради различни прекршоци приведуваат Палестинци. Според палестински податоци низ израелските затвори се наоѓаат седум илјади Палестинци.