Amina Zorniç
31 јануари 2016•Ажурирај: 01 февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Паралелно со порастот на емисијата на гасовите од „стаклената градина” и атмосферскиот феномен Ел Нињо, глобалната температура во следните 12 месеци значително ќе се зголеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на државниот метеоролошки завод на Велика Британија "Met Office", годината што доаѓа ќе биде значително потопла но не е прецизирано за колку степени Целзиусови.
Според експертите за пораст на температурите на глобално ниво најголем „виновник” е Ел Нињо, глобален атмосферско-океански феномен во тропскиот дел на Тихиот Океан. Тој, како што пишува “The Guardian” е создаден од глобалното загревање, а метеоролозите тврдат дека тој во догледно време би можел да биде најголема метеоролошка појава на сите времиња.
Моменталните услови во екваторијалниот појас на Тихиот Океан потсетуваат на оние од 1997 година кога започна најголемиот Ел Нињо на 20-от век. Како резултат на овој феномен, источните ветрови на Пацификот слабеат па брановите топла вода се шират кон Јужна Америка каде што доаѓа до зголемена површинска температура на водата.
Феноменот предизвикува исклучително топли зими и големи суши во голем број земји во светот.
Наводно, Ел Нињо во рана фаза веќе е препознаен во некои земји кои се борат со сушата, недостатокот на вода и пожарите како резултат на сувото тло.