Amina Zorniç
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Новогодишната ноќ во главниот град на Шведска, Стокхолм, беше најтопла во последните 157 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ноќта на 31 декември кон 1 јануари, температурата во шведската престолнина достигна 10,4 Целзиусови степени, што е температура повисока отколку во кој било друг крај во оваа земја.
Шведските медиуми пишуваат дека станува збор за најтопла новогодишна ноќ во изминатите 157 години, односно од 1859 година, откога државната агенција ги забележува метеоролошките движења.
Со ова е соборен рекордот забележан во 1972 година, во шведскиот град Дувед, кога температурата на новогодишната ноќ беше 0,1 Целзиусов степен.
Иако географски припаѓа на северната земјина хемисфера, климата во Шведска е умерена, а температурните отстапувања се ретки.