Safiye Karabacak
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
КАИРО (АА) - Египетската војска уништи 12 тунели на границата со Газа и уапси 100 лица кои во земјата влегле на илегален начин, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на армијата полковник Тамир ер-Руфаи преку социјалните мрежи соопшти дека припадниците на армијата уништиле 12 нови тунели во североисточниот дел.
Руфаи додаде дека во активностите против нелегално преминување на границата, извршени во периодот меѓу 18 и 28 декември во Ес-Селуми, на египетско-либиската граница се фатени 74 лица, а во Селатин се приведени 26 Сиријци.
Голем број тунели коишто се од големо значење за Палестинците беа уништени од страна на воената влада која во 2013 година дојде на власт во Египет.