AP
04 декември 2015•Ажурирај: 04 декември 2015
КАИРО (АА) - Најмалку 16 лица загинаа, а три се повредени во денешниот напад со молотови коктели врз еден угостителски објект во центарот на Каиро, главниот град на Египет, јавува Anadolu Agency (АА).
Египетските медиуми јавија дека три мажи, кои дошле со моторцикли, фрлиле молотови коктели и се оддалечиле во непознат правец.
Според неофицијални информации, еден од напаѓачите е поранешен вработен во угостителскиот објект кој беше мета на нападот.
Египетско безбедносно официјално лице потврди за АА дека дошло до напад на ресторан при што има загинати и ранети.