Ahmed Mohammed Abdalla,Meryem Kasım
12 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АДИС АБЕБА (АА) - Најмалку 24 лица се повредени во бомбашкиот напад во најголемата џамија во престолнината на Етиопија Адис Абеба, соопшти Владата на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на државната телевизија, нападот го извеле лица чиј идентитет сеуште не е познат.
Истиот извор наведува дека нападот е изведен со рачна бомба.
Во нападот се ранети вкупно 24 лица, пет од нив со потешки повреди.