Halit Demir
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
ХАТАЈ (АА) - Реџеп Ј. припадник на војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад, заробен од страна на бунтовничките единици Султан Абдулхамит Хан на подрачјето на Бајирбуџак во околината на Латакија, во разговор со новинарот на АА истакнува дека има многу војници кои сакаат да избегаат од „режимот“ но се плашат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Има војници кои сакаат да избегаат од режимот но тоа не го прават поради страв. Не принудуваат да војуваме“, раскажа овој војник на режимската војска кој е заробен во текот на судирите на подрачјето на Бајирбуџак. На ова подрачје често доаѓа до судири помеѓу режимските сили, на кои поддршка им пружа Русија, и бунтовничката војска.
Реџеп потврди дека е заробен во текот на акцијата на припадниците на единиците Султан Абдулхамит Хан и другите единици на тоа подрачје. Се истакнува дека една и пол година се бори на страната на Асадовата војска и дека двапати се обидел да избега од „режимот“ но не успеал во тоа.
Реџеп појаснува дека режимските сили го принудиле да стане војник.
„Веќе година и пол се бориме за Асадовиот режим. Неколкупати се обидовме да избегаме со пријателите, но безуспешно. Војниците кои се обидуваат да бегаат ги убиваат. Во редовите на Асадовата војска има војници кои сакаат да избегаат, но се плашат дека ќе бидат убиени. Нè принудуваат да војуваме. Овде се користи несразмерна сила против Туркмените. Во наши раце е тешкото вооружување, но Турмените се борат со цел зачувување на својата територија“, раскажа Реџеп.
Напоменува дека туркменските војници го заробиле, но не му нанеле зло.
„Ме заробија, но не се однесуваат лошо кон мене, не ме тепаат и ми даваат да пијам вода. Dа е обратна ситуацијата би било поинаку“, објаснува Реџеп.
Тој тврди дека на подрачјето на Бајирбуџак се борат и Руси, а на подрачјето Џебел Екрада иранските шиитски паравоени сили.
„На подрачјето каде што сме ние има Руси. Ни помагаат со војска и вооружување. Руските воени авиони ни даваат поддршка од воздух“, додава Реџеп.
Командирот на единицата Султан Абдулхамид, Омер Абдула, истакнува дека кон заробените војници не се однесуваат лошо.
„Во текот на судирот ранети се наши војници. Она што е обврска на еден муслиман тоа и ќе правиме“, додаде Абдула.